Селтик сака да го купи Бојан Миовски и да го врати во Шкотска

56

Шампионот на Шкотска, Селтик, тргнува во нова офанзива по македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Тој би можел да се врати во шкотската Премиер-лига и да потпише за гигантот откако вториот дел од сезоната најчесто ја мина на клупата за резерви во тимот на Џирона.

Тренерот на Селтик, Брендан Роџерс, бара од раководството да му доведе нов напаѓач, а уште од минатото лето негова желба е Миовски. Селтик тогаш не успеа да се договори со Абердин околу висината на отштетата, но сега повторно ќе се обиде да го доведе Македонецот.

Миовски има договор со Џирона до 2028 година, но многу брзо ќе седне со раководството да разговара за својата иднина во клубот од Ла Лига.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПоевтинуваат сите горива од полноќ
Следна вест21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај