Се уште нема разврска со случајот на Барди со „спорната“ возачка дозвола

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди кој од пред два дена е под истрага од шпанската полиција поради фалсикувана возачката дозвола, се уште не добил одговор од тамошните власти во врска со неговиот случај.

Имено после рутинска контрола возачката на Барди била задржана в полиција, заради сомнеж од страна на полицијата за нејзината исправност. Од друга страна македонскиот репрезентативец вчера се огласи на социјалните мрежи објаснувајќи дека е недоразбирање.

– Возачката дозвола која ја покажав на полицијата на 5 април е легална и извадена од институциите во мојата држава. Ова утро ја доставив цела документација до полицијата, издадена од Министерството за внатрешни работи на Македонија. Сакам со оваа документација да се разјасни недоразбирањето кое настана, стои во објавата на Барди.

Се надеваме дека во најбрз можен рок полицијата ќе го разјасни случајот, за да може македонскиот фудбалски мајстор непречено односно дефокусирано да тренира и дава голови на натпреварите – за што го бива навистина многу.

Претходна вестСАД ја отфрли идејата за воведување ковид пасоши
Следна вестВицепремиери преку Фејсбук цврсто бараат одговорност за смртта на овчарот од кратовско