Шаќири: Не се намалуваат само часовите по македонски јазик, туку и на албански, на турски и на сите останати јазици, тоа е новиот концепт

Не се намалуваат само часовите по македонски јазик, туку и на албански, на турски и на сите останати јазици. Тоа е новиот концепт во образованието, изјави денеска министерот за образование Јетон Шаќири. Тој во македонскиот парламент одговори на пратеничко прашање дали изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение во основното образовани есе намалува од 6 на 5 часови неделно? Односно, дали е во ред тоа да го прави министер од ДУИ, во време кога народот се противи на францускиот предлог, стравувајќи за последици по македонскиот јазик и идентитет?

Шаќири одговори дека фондот на часови по јазиците е прашање на концепт а не на политички пресметки.

-Не се намалуваат само часовите по македонски јазик, туку и на албански, на турски и на сите останати јазици. Тоа е новиот концепт во образованието. За него се дебатираше и во општеството а се изјаснуваа и пратениците. Времето од шест месеци, година или две е премало за да може да се даде оценка за ефектите од него. Оваа тема не би сакал да се поврзува со актуелните теми, оние кои беа важни за нашето општество. Ниту сакам термините кога се донесуваат одлуки за одредена студиска програма да ги поврзувате со датуми и месеци кога тие се донесени. Јас ја потпишав наставната програма, така како што ми ја доставија од Бирото за развој на образованието. Согласно програмата и намалувањето на активностите кои се предвидени со новата образовна концепција, предвидени се дополнителни активности, на пример, за читање или за слични активности со кои ќе биде пополнет тој фонд на часови, рече Шаќири.

Претходна вестСе потешки последици од Ковид-19: Петмина починати и 884 новозаболени
Следна вестНВО „Градиме иднина”: Во земјава дневно питачат по две илјади лица