Шампионот падна во Гевгелија, Кожув го изненади МЗТ

Tимот на Кожув приреди изненадување и успеа да слави победа над МЗТ Скопје со резултат 74:71 со што им се реваншираше на „штрковите“ за поразот во финалето од Купот на Македонија.

Домаќините лошо го почнаа натпреварот, МЗТ отвори со 0:13, а потоа поведе и со 15 разлика во втората четвртина (16:31). Сепак, до крајот на паузата кошаркарите на Кожув успеаа да намалат до „минус четири“.

Во продолжение гледавме неизвесна игра во која двете екипи се менуваа во водството.

Како една од причините за поразот на МЗТ може да биде и исклучувањето на Војдан Стојановски во последните три минути од средбата. Дион Едвин со 23 поени и Андреј Маслинко со 21 поен и 11 скока беа најрасположени за игра во сино-белиот табор. Вилсон на спротивната страна уфрли 18.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Тиквеш беше подобар од Чаир со 84-76.

Претходна вестУапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме
Следна вестПриведени четири лица во Скопје