Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО

Поранешната министерка за одбрана и вицепремиерка на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, беше избрана за нов заменик генерален секретар на НАТО. Шекеринска ќе ја замени функцијата на Марк Руте, кој од неодамна го презеде лидерството на Алијансата.

Информацијата беше потврдена од НАТО преку официјално соопштение од страна на генералниот секретар Руте:

-Со големо задоволство ја објавувам номинацијата на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветен пријател на НАТО и има длабоко разбирање за значењето на членството во Алијансата. Се радувам на нашата соработка во оваа важна улога, изјави Руте.

Таа ќе ја замени Борис Руге, кој привремено ја извршуваше оваа функција по заминувањето на претходниот заменик генерален секретар Мирчеа Џоана, кој реши да се кандидира за претседател на Романија.

Шекеринска, која беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, играше клучна улога во процесот на членството на земјата во НАТО, што беше постигнато во 2020 година. Нејзината нова функција ќе започне до крајот на оваа година.

Во трката за оваа позиција беа и други познати кандидати, меѓу кои поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, поранешна министерка за одбрана на Црна Гора.

Претходна вестВработените во „Улици и патишта“ најавија штрајк – ќе ја донесат цела механизација пред Град Скопје!
Следна вестТрпески негира дека го украл ехо апарат од кичевската болница