Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера ја прими Радмила Шеќеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО, соопштија од претседателскиот кабинет.
„За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата. Претседателката изрази уверување дека г-ѓа Шеќеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани. Со изборот на Радмила Шеќеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него“, се вели во соопштението.