Нападнат малолетник со нож во Скопје. Имено, со повреди се здобило шеснаесетгодишно момче во инцидент што се случил синоќа во скопската општина Чаир.
МВР соопшти дека малолетникот бил прободен со нож по претходна расправија со две лица во близина на фонтаната во паркот.
-Поврденото момче по инцидентот било донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.