Шест полицајци тепале човек врзан со лисици, ама камерите снимале…

Шест полицајци од СВР Скопје добиле кривични пријави заради тоа што ги пречекориле службените овластувања при приведувањето на едно лице. Пријавите ги поднел Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција – Одделението за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања.

-Пријавите се поднесени поради основано сомнение дека на 18.05.2020 сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик. По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања, се наведува во информацијата.

Против пријавените полициски службеници поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР.

Претходна вестПочинале 6 пациенти од вирусот, 113 се новаразени, а 259 оздравеле
Следна вестЗаев за КОХА: Во тек се консултации за нова влада од различен формат