Шест повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

Вкупно шест лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила доцна вчеравечер на автопатот Гостивар-Тетово.

МВР информира дека на 04.08.2022 во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово, се наведува во информацијата.

Претходна вестУЈП:  Корисниците на апликацијата МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки
Следна вестПовторно горат контејнери, вредеше ли набавката на Шилегов?