Шестмина поминале на црвено, петмина зборувале на телефон…, казнети 124 возачи

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 124 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните сообраќајни контроли.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласуваат од МВР.

Претходна вестДенеска ќе заседава Комисијата за заразни болести, за неполн месец пет починати од вирусот на грип
Следна вестФрлена бомба во Косовска Митровица, има повредени