Шестмина се повредени во три потешки сообраќајки вчера во Скопје

Шестмина се повредени во три потешки сообраќајки вчера во Скопје, во која еден од учесниците избегал од метото на несреќата, информираше денеска МВР.

Првата сообраќајна несреќа се случила околу 6.20 часот на автопатот Северна обиколница, кај надвозник за село Смилковци. Тогаш џип „нисан кашкаи” со грчка национална ознака, управуван од И.Н.(64) од Грција, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата тешки се повредени возачот и сопатничката М.К.(64) од Грција, на кои им била укажаната лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември”.

-На 04.08.2022 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Сарафов” и ул.„Кузман Шапкарев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „фиат” со косовска национална ознака, управувано од Д.Х.(33) од Косово и скопски „мерцедес” што го управувала Л.О.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во „фиатот”, А.Д.Х., констатирани во Градската општа болница „8 Септември”, а на Л.О. и нејзиниот малолетен сопатник во Комплекс клиники „Мајка Тереза” им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Третата сообраќајка се случила околу 17.30 часот на ул.„3″ во Студеничани.

Во судирот учествувале комбе „фолксваген”, управувано од Г.Ѓ.(68) од Скопје, автомобил „фиат”, управуван од Ш.И.(41) од Скопје и скопски „мерцедес”, чиј возач избегал.

По несреќата, возачот Ш.И. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.