Шилегов: Го забрзуваме правното расчистување на трасата за булеварот „АСНОМ“

Полека се реализира изградбата на булеварот АСНОМ. Оваа нова траса треба да го поврзува Аеродром со Керамидница. Засега споро оди екпропријацијата на објектите во Керамидница. Градоначалникот Шилегов вели дека прави се работата да се забрза.

– Паушални се проценките дека Градот не нуди доволно средства за откуп на објектите во скопската населба Керамидница за правно да ја расчисти трасата, истакна денеска градоначалникот Шилегов.
Тој не верува дека некој е незадоволен од цената што се нуди за експропријацијата.

-Вчера и завчера имав средба со граѓани од Керамидница, а и денеска имам средба со трета група на граѓани од таа населба. На средбите говориме за просечна цена од околу 800 евра по квадратен метар станбен простори и околу 8.000 денари за квадратен метар дворно место, истакна градоначалникот.

Шилегов посочи дека до крајот на годинава треба да заврши првата фаза од реализацијата на булеварот „АСНОМ“ по што ќе почне изградбата на мостот преку Вардар.