Шилегов: Градот Скопје да добие јурисдикција врз скопските општини

Ќе инсистираме во процесот на децентрализација да можеме да имаме јурисдикција врз единиците на локална самоуправа кои што административно се на територијата на Градот Скопје, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој додаде дека одговорни носители на функции ги гледаат аномалиите на функционалноста на системот и предлагаат соодветни мерки.

– Треба да постои дуализам во делот на инспекторирањето, особено во урбанизмот, токму заради експлицитните примери на непочитување на законот. Не постои поинаков начин ако видиме дека немаме самоконтрола, да воспоставиме хиерархиска контрола едни кон други, изјави Шилегов одговарајќи на новинарски прашања по извршената обиколка на претоварна станица во Скопје.

Тој ја отфрли како неоснована забелешката дека со актуелната реконструкција на улиците низ Скопје е предизвикан сообраќаен хаос, нагласувајќи дека се работи на различни локации од Градот и не се попречува движењето.

– Градот е голем. Ние годинава реконструираме некаде околу 160 километри, но некаде повеќе од илјада километри градски улици, додаде Шилегов.

Според него, за реконструкција останале уште две фундаментални улици – „8 Септември“ и излезот на Скопје.

– Ако беше пред избори, ќе викавте зошто е пред избори. Во текот на епидемијата градевме четири булевари. Тогаш ја направивме „Пластичарска“, го завршивме булеварот „АСНОМ“, го работевме булеварот „Босна и Херцеговина“, го работевме Клиничкиот центар што беше приоритет во тој период. Инфраструктурата е многу битен елемент и останува како таков, нагласи Шилегов.

Скопскиот гардоначалник најави дека до крајот на овој месец целосно ќе завршат градежните активности, со што во следните 20 или 30 години Скопје ќе има серозно квалитетна и добра инфраструктура.

Претходна вестОбвиниение против две лица за дивите платформи на Матка
Следна вестРазгледница од Аеродром кај ТЦ „Бисер“, може и Марин ќе ја види