Шилегов има визија: Скопје визионерски да се планира, да стане зелен град…

Во кој правец ќе се развива Скопје во иднина? На ова прашање, одговор има градскиот татко, Петре Шилегов, кој како што рече имал визија.

Шилегов посочи дека во неговата визија Скопје е град на одржлив развој, визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура и соодветно планирање на комуналната инфраструктура.

-Скопје го гледам како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето чиста и здрава животна средина. Како градоначалник во повеќе наврати нагласив дека ќе се залагам Скопје да се развива и шири на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, посочи вчера скопскиот градоначалник на отворањето на Share конференцијата која всушност претставува форум на архитекти и инженери.

Тој објасни дека Град Скопје е целосно подготвен да преземе сè што е неопходно неговите граѓани да добијат паметен и функционален град кој ќе биде во чекор со модерните европски градови.