Шилегов: Изјавата на Захариева за Тито е глупост, бара алиби

Изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева дека во ЕУ нема место за државата која го чествува  „еден од најмрачните диктатори“ Јосип Броз Тито и дека во Скопје на Денот на ослободувањето се одбележувала и 40-годишнината од смртта на Тито се чиста глупост. Со ваков став скопскиот градоначалник ги прокоментира изјавите на Захариева во вчерашното интервју за бугарската ТВ Европа.

-Изместувањето на тезите е всушност барање алиби за глупоста. Секоја глупост последователно бара алиби. Ставот на госпоѓа Захариева е ништо друго освен глупост. Сега, обидувајќи се да ја спаси позицијата на Бугарија, ќе се обидуваме да ги извртуваме тезите. Она што се случи во Скопје на 13, односно на 14 ноември е дека се отвори изложба која беше дојдена од Белград од поставката на постојниот музеј на Јосип Броз и ништо повеќе. Меѓутоа, сега, барајќи алиби за сопствената глупост, едноставно, ќе ги извртуваме тезите. Обидувајќи се да ја спаси позицијата на Бугарија, која мислам дека повеќе ѝ наштетува на Бугарија отколку на С. Македонија, се обидува да ги измести тезите, рече Шилегов.

Одговарајќи на прашање на водителот од кого било ослободено Скопје на 13 ноември 1944 година, Шилегов кажа дека градот во 1941 бил окупиран од царската бугарска војска, а во 1944 бил ослободен од партизанската единица од НОБ на Македонија.

Претходна вестНапорната работа, дисциплината и добриот тренер се поважни од талентот
Следна вестФилипче: Очекуваме помал прилив на нови болни и повеќе исписи на пациенти од вирусот