Шилегов кривично ќе ја гони фирмата на која и истече солна киселина

Град Скопје најавува енергична реакција за истекувањето на солна киселина во кругот на поранешно МЗТ. Имено, Градот ќе поднесе кривична пријава против фирмата на која вчера ѝ истече солната киселина.

По контролата која синоќа ја направиле инспекторите за животна средина од Град Скопје, констатирано било дека фирмата не поседува елаборат за заштита на животна средина.

– Иако надлежен за вакви инсталации е Државниот инспекторат за животна средина, ние веднаш по пријава на граѓани излеговме на терен. Направен е записник, констатирано е дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Фирмата работела без дозвола, па затоа ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството, истакна денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Инаку, реакцијата на инспекциите била на барање на советник во Општина Гази Баба, кој пријавил дека има опасен мирис во околината.