Шилегов му пиша на МВР да ги казнува возачите паркирани на велосипедски патеки

Засилени контроли и казнување на возачите кои ги паркираат своите возила побара денеска од полицијата скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Во писмото испратено до МВР Шилегов бара полицијата да излезе на терен и да ги ослободат велосипедските патеки од паркирани коли и камиони.

Како пример за узурпираните патеки за велосипеди тој ги навел булеварите „Свети Климент Охридски“ и „Кочо Рацин“ и на улиците „Свети Кирил и Методиј“, „Московска“ и „Кемал Сејфула“.

-Паркираните возила на новите вело патеки поставени на коловоз и претекнувањето од возилата на велосипедските ленти во голема мера ја загрозуваат безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и претставуваат сериозна препрека во континуираниот пораст на велосипедскиот сообраќај во нашиот град, наведува во писмото скопскиот градоначалник.

Дали Шилегов ќе напише писмо до МВР за да побара и решителна акција за откривање на крадците на велосипеди во Скопје кои секој ден „жнеат“ точаци, не е познато.

Претходна вестПри претрес полицијата кај четворица скопјани пронашла марихуана и прашкаста материја
Следна вестДвајца починати и 155 новозаразени лица од вирусот