Нов обид на градоначалникот Шилегов да се зададе урад на комарците во Скопје. Имено, од понеделник ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје против возрасни форми на комарци.
Најавено е дека оваа дезинсекција ќе почне на 31 август и ќе заврши најдоцна до петок, 4 септември. Како што истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешниот брифинг со новинарите, годинава е прскано пет пати и секое прскање со хемија е штетно, па поради тоа посочи дека не може да се врши толку често.
Според него, сегашнава експанзија на комарци се должи на највлажниот август во изминативе 50 години.