Нова најава и датуми за изградба на Забавен парк на местото на поранешниот Луна парк – даде денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
-Есенва ќе започне да се работи, а очекувам дека до крајот на другата година ќе имаме тематски Забавен парк, а не Луна парк, во кој ќе можете да поминете цел ден со семејство. Тоа е нешто што го нема во регионот и очекувам дека ќе биде сериозна туристичка дестинација, изјави денеска Шилегов за скопската Канал 5 телевизија.
Во буџетските средства за годинава се предвидени одредени средства за градба на овој значаен објект за градот. Лани, Град Скопје планот за задолжување во висина од 12 милиони евра за изградба на Забавен парк и набавка на реквизити се смени со тоа што тие средства се искористија за обнова на скопски сообраќајници. Но, тоа значеше и пролонгирање на термините за градба кои претходно неколку пати се поместуваа.
Ова сега е ново ветување и останува да се види дали евентуално пак ќе треба да се определува нов датум за датумот кога ќе дојде датумот да се види Забавниот парк во Скопје или пак навистина ќе биде се во ред со последниот најавен датум.
Инаку, еден датум е сигурен, есенва ќе има локални избори.