Схинас: ЕУ не беше секогаш фер кон С. Македонија

Северна Македонија е пример, каде мислам дека ЕУ не беше секогаш многу фер, бидејќи побаравме многу различни работи, а вие ги испорачавте, вака изјавил потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас во изјава за МИА.

Схинас смета дека сега е време кога треба да се премине на отворање на преговорите по поглавја и нивно затворање, но после измената на Уставот и внесување на бугарското малцинство, што е обврска за нас.

-Значи, се на се, позитивен момент за Северна Македонија, рекол Схинас.

Тој смета дека процесот на европеизација на Балканот е неповратен, и дека сите земји од регионот, вклучително и Северна Македонија се цврсто на патот кон ЕУ.

На прашањето на МИА да даде појаснување за тоа како би се европеизирал регионот во кој постојат многу отворени билатерни прашања, кои не се според европските стандарди, како спорот меѓу Софија и Скопје, Схинас истакна дека доколку се погледне назад во историјата многу пати имало примери на балканизација на европската политика.

– Мојата главна порака беше дека кога ќе погледнеме назад кон историјата, многу пати видовме балканизација на европската политика. Ние знаеме што значи тоа – страдања, војни, поделби. Но, она што не сме го виделе досега е европеизација на регионот на Балканот. И тоа се случува сега, само во изминативе 20 години, тоа е ново и е нешто позитивно, тоа е охрабрувачки чекор. Повеќето земји се сега цврсто на патот кон членство во ЕУ. Северна Македонија е пример, каде мислам дека ЕУ не беше секогаш многу фер, бидејќи побаравме многу различни работи, а вие ги испорачавте. Сега треба да преминеме на следното поглавје, а тоа е отворање на преговорите по поглавја и затворање на овие поглавја, откако ќе ги спроведете уставните измени, на кои што се обврзавте. Значи, се на се, позитивен момент за Северна Македонија, вели Схинас.

Претходна вестКазнети 277 возачи во Скопје, секој трет возел пребрзо
Следна вест„Недела на франкофониски филм“ од четврток во Кинотека на Македонија