Со по двајца претставници од шестте пратенички групи од најголемите партии ќе се формира работна група која ќе работи на новиот Изборен законик. Со неа ќе претседава претседателот на Собранието Африм Гаши.
Тој најави дека работната група ќе организира широка дебата во врска со новиот закон.
Неодамна премиерот Христијан Мицкоски изјави дека предлогот на новиот закон е готов, а дебатата за него ќе почне по завршувањето на дополнителните локални избори закажани за 11 јануари.
Со новиот Изборен законик треба да се реши начинот на финансирање на кампањата, начинот на кандидирање на независните кандидати, цензусите за излезност, предвремената кампања..
Според многумина неопходно е со новиот закон да се смени и изборниот модел во една изборна единица, но и да се намали бројот на пратениците.



