Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија стигна до првата историска победа во Европа, откако вечерва на домашен терен славеше над ирски Шелбурн со 1-0 во меч од 2. коло од новата сезона во Конференциската лига на Европа.
Двата тима тргнаа внимателно од самиот старт на мечот, па првите десет минути не донесоа никакви возбудувања на теренот на „Тодор Проески“. И во следниот период натпреварот не ни донесе возбудувања, па по половина прво полувреме на семафорот се уште стоеја почетните 0-0.
Првата полушанса на натпреварот ја имаше домашниот тим откако во 29. минута од некои 25 метри биеше Тамба, но топката заврши над голот на гостинскиот голман Спил. Само две минути подоцна Бесарт Ибраими биеше од непосредна близина, но овојпат одлично интервенираше Спил. Во истата акција Вебстер изведе незгоден корнер кој за малку не заврши во противничкиот гол.
Првиот удар кон голот на Шкендија гостите го имаа во 36. минута кога по средината биеше Мбенг, а неговиот удар без проблеми го скроти голманот Гаје. До крајот на првиот дел мируваа мрежите за 0-0 на полувреме.
Првата шанса домаќините во вториот дел ја имаа на истекот од 51. минута кога од некои дваесетина метри биеше Спахиу, а неговиот удар заврши покрај голот на гостите. Веќе во следната минута биеше и Бесарт Ибраими, но и неговиот удар заврши покрај голот на гостите.
Најголемата шанса гостите ја имаа во 66. минута кога Мартин ја погоди стативата на нашиот тим. Кога сите на стадионот очекуваа крај на мечот, Вебстер одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и беше виновник за автоголот на Патрик Берет во 92. минута.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



