Шкупи се раздели со тренерот Алпарслан Ердем

28

Раководството на Шкупи се реши за тренерска смена по поразот од Вардар среде Чаир од 2-0, Алпарслан Ердем веќе не е шеф на стручниот штаб.

Шкупи веќе долго време е во криза поради која паѓа на табелата, а загубениот меч од Вардар ја прели чашата, па цехот го плати тренерот Ердем.

-Благодариме, Алпарслан Ердем. Клубот му посакувам успеси во понатамошното патување, објави клубот.

Шкупи по 30 одиграни кола се наоѓа на осмата позиција во Првата лига со 34 бодови.

Претходна вестПутин ги предупреди Германците на германски јазик
Следна вестДелови од Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја