Шокантен случај во Скопје – маж уапсен за присила, снимање и уцена

40

Маж од Неготино е лишен од слобода поради сомнение дека присилил жена од Скопје на полови дејствија, ја снимал и потоа ја уценувал со видеоматеријалот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот е 29-годишниот Р.М. од Неготино. Тој бил приведен на 6 декември околу 01:00 часот во општина Аеродром, откако 41-годишна жена од Скопје пријавила дека на 2 декември, во стан во Центар, била присилена на сексуален чин и снимана со мобилен телефон.

По настанот, мажот ѝ упатувал закани и барал пари за да не го објави видеото на социјалните мрежи. МВР информира дека ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по целосно документирање на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестШкендија рутински славеше во Куманово со 1:3 против Башкими
Следна вестУбедлива поддршка: 804 делегати „за“ нов мандат на Мицкоски