Шолц доаѓа во Скопје, ќе се сретне очи в очи со Ковачевски

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, како дел од својата дводневна турнеја низ регионот денеска ќе пристигне во Скопје, во прва официјална посета на Maкедонија.

Како што информираат од владината прес-служба, Шолц и неговата делегација на платото пред Владата ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со нашиот премиер.

Шолц вчера ги посети Приштина, Белград и Солун.

По посетата на Скопје, германскиот канцелар заминува и за Софија. Се очекува теми на состаноците да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.

Претходна вестПроменливо облачно време со можност за локален пороен дожд
Следна вестБугарски фудбалер со нагмечен череп по судир на репрезентативните автобуси во Грузија