Шолц ги намали надежите: Украина нема да стане членка на НАТО во скоро време

Украина најверојатно нема да може да стане членка на НАТО во догледна иднина бидејќи не исполнува голем број услови за прием, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц. – На сите им е јасно дека тоа нема да биде случај во догледна иднина,рече Шолц за германскиот медиум „Велт“, со што ги намали надежите на Украина за брзо приклучување кон НАТО по завршувањето на војната.

Критериумите на НАТО, како што вели Шолц, вклучуваат цела низа услови кои Украина во моментов не може да ги исполни.

Шолц за германскиот весник „Велт“ вели дека засега западните поддржувачи на Украина треба да се фокусираат на помагање на Киев да се одбрани, а во иднина ќе биде неопходно да се разговара за безбедносните гаранции за Киев.

– Сега се работи за поддршка на Украина и одбрана на земјата. Потоа ќе треба да разговараме кои безбедносни гаранции може да се дадат во повоена ситуација. Но, ние сме уште далеку од тоа, вели Шолц.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се залага неговата земја да се приклучи на НАТО што е можно поскоро. Во поглед на претстојниот самит на НАТО во Литванија, Зеленски неодамна изјави дека таму ќе се расчисти патот за прием на неговата земја во западната воена алијанса. Во јули членките на НАТО ќе се сретнат на самит во Вилнус.

Претходна вестЗагрижувачко, питомите скопјани ја губат битката со дивите – невоспитани сограѓани 
Следна вестОд кога македонското јаболко стана јаболка?