Шортс : Се чувствувам како Македонец

Ти-Џеј Шортс уште еднаш потврди дека е големо засилување за македонската кошаркарска репрезентација имаше клучен ефект во драматичниот синоќашен триумф над Данска.

Шортс постигна 33 поени и беше најефикасен на теренот, а по средбата во Гевгелија го истакнал одличниот прием, односно атмосфера од македонските фанови.

Им благодарам на сите во публиката кои ни дадоа дополнителен ветер, а ние се оддолживме со играта. Се чувствувам како дома, како Македонец, благодарен сум на ваквата поддршка, ја пренесува изјавата на Шортс, официјалната интернет страницата на кошаркарската федерација.

Претходна вестМВР: Градоначалникот Костовски да не шири дезинформации кои ги вознемируваат граѓаните
Следна вестАрсовска аплаудираше, советничка од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова стана независна