Шошкиќ со тројка во финишот го одведе Работнички во полуфиналето на шампионатот

21

Кошаркарите на Работнички обезбедија пласман во полуфиналната фаза на Првата македонска лига.

Вво мајсторката Работнички со вкупни 3:2 во серијата го совлада битолски Пелистер, односно со 82:79 во петтиот решавачки натпревар.

Во последниот напад на Работнички, Шошкиќ во последните секунди реализираше тројка за триумф на скопскиот клуб.

Најефикасен во победничката екипа беше Ѓуроски со 24 поени, пред Шошкиќ кој запиша 23 поени и осум асистенции.

На спротивната страна Костоски забележа 21 поен, следен од Антоан (пет скокови) и Мишковиќ (девет скокови) со по 18 поени.

Во полуфиналната фаза Работнички ќе игра против ТФТ Скопје кој претходно со 3:0 го елиминираше Чаир 2030, а во второто полуфинале се среќаваат МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово.

Претходна вестПроменливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Следна вестАрената „Тоше Проески“ се најде на листата меѓу топ 10 стадиони на Балканот