Штета што не им текна порано дека правењето нова агенција е спасот за посигурни патиштата

Малку им се досегашните институции, треба нови директори, вработени…

 

Ниту постоечките служби за сообраќај функционирале ниту па оваа новава би функционирала, смета Ангелина Стојановска 

Безбедноста на патиштата во Македонија е слаба. Надлежните државни органи многупати досега преземаа најразлични чекори за да ја зголемат безбедноста на патиштата. Се правеа кампањи, се делеа флаери, се спроведуваат полициски контроли, се зголемуваа казните, се крпеа патиштата… но сето тоа малку помагаше. Бројот на сообраќајките и натаму е голем, секоја година во просек во несреќите на патиштата гинат од 120 до 180 луѓе, бројот на повредени од кои голем дел остануваат инвалиди е висок, материјалните штети се огромни. Дали властите кои раководат со многу државни агенции, претпријатија… доволно работат на овој проблем?

И баш деновиве оние што водат сметка за сообраќајот дојдоа на нова идеја: да се формираагенција за безбедност на патиштата. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека таа ќе биде ново извршно тело.

-Целта ќе биде да создава модели за координација на активностите за подобрување на безбедноста преку безбедна инфраструктура, квалитени  обуки на возачите, проценки кои се безбедни возилаобуки на службите за реакции по собраќајни несреќирече Бочварски.

Значи спасот е во нови вработувања, нови директори… Министерот не објасни за колку лица ќе се зголеми бројот на и онака прекубројни административци во земјава. Може пак се планира „преземање“ на вработените од другите органи и институции надлежни за патиштата? Ова го отвора и прашањето: што до сега работеле сите овие служби кои на еден или на друг начин се грижат за безбедноста во сообраќајот? Што правеле надлежните во МВР, надлежните во Министерство за транспорт и врски, надлежните инспекции, надлежните за обуки на идните возачи и слично? Ако добро работеле немаше да се појави потреба да се формира нова агенција.

Излегува дека полициските контроли немале доволно ефекти, дека биле кампањски, дека казнената политика не е добра и не ги поправа разузданите возачи, дека патиштата се небезбедни и со многу опасни места, дека кампањите со флаерчиња не се доволни…

– Искрено, ниту постоечките служби за сообраќај функционирале нити па оваа новава би функционирала. Се додека кај нас постои она „знаеш кој сум јас, знаеш тој мене што ми е“ далеку сме од функционално опшество. Се додека се вработуваат партиски луѓе со несоодветно школо на функција, кои не ја разбираат работата, вака ќе биде. Имаме две тешки сообраќајки со многу човечки жртви, за Ласкарци се уште нема одговорност и тука веќе се гледа нефункционирањето на институциите, смета граѓанката Ангелина Стојановска.

Граѓаните, очигледно, бараат да функционираат постоечките институции онака како што е тоа потребно. Односно, порачуваат дека не е решение во зголемувањето на бројот на агенциите, туку секој на време и доследно да ги исполнува своите обрвски во областа на сообраќајот.

Ќе се потепаат за новите директорски места

-Ќе се потепаат владеачките партии кој да напика директори во новата агенција за патиштата. Затоа треба да се одложи нејзиното правење. Повторно ли ќе гледаме владина криза и долги преговарања, натегања и уценувања за подобрата иднина на земјата, низ шега ни коментира наш читател. 

Претходна вестТрговците и производителите да не претеруваат со цените?
Следна вестСега ли најдовте да „мерите“ надлежности во врска со „Беса транс“?