Штипскиот градоначалник добивал закани, синоќа му се исечени и гумите на службеното возило

Закани и исекување на гумите на службениот автомобил му се случиле на штипскиот градоначалник Иван Јорданов. Тој, доцна синоќа, пријавил во полиција дека веќе подолг период добива закани од лице вработено во општина Штип. Освен ова, вчера биле исечени и гумите на неговиот слуѓбен автомобил по што за сето ова ја информриал и полицијата посочувајќи го и сторителот.

-Градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, гумите на службеното возило, кое го користел градоначалникот, од страна на Ј.М. биле исечени, соопштуваат од МВР.

Според сознанијата, безбедносните камери го снимиле лицето кое ги исекло гумите на автомобилот.

Се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестМакедонија нема стратегија за развој на талентираните деца, порано имаше ентузијазам, елан…
Следна вестПутин и Си најавија нов грандиозен гасовод и трговска размена од над 200 милијарди долари