Темно Режим Светло Режим

Што бараат аеродромци во Охрид кога си имаат свои плажи

Пливање среде улица овозможи упорниот дожд во Аеродром. Додуша не е заслужен само дождот, ама факт е дека на многу места во општината која се фали дека е најурбанизирана во Скопје има цели езера на раскопаните или недонаправени улици.

И во едно така поголемко езеро младо момче од Аеродром фино се разладилo. Тоа уживање го споделилo и на социјалните мрежи.

-Не знам што барате во Охрид да одите кога тука си имаме перфектна плажа, вели на видеото младиот аеродромец, кој си постави пешкир на „плажата“ и си влезе во езерцето.

Соседи од зградите му ракоплескаат, а еден најави и дека ќе му се приклучи во „пливањето“.

Од она што може да се види од видеото, водата е измешана и со кал. Дали оваа кал е лековита бидејќи потекнува од елитната скопска општина Аеродром, се уште не се знае. Очекуваме тоа да го истражат надлежните во општината.

Претходниот Пост

Казнети 423 лица, не носеле заштитна маска

Следниот Пост

Превезувале 94 мигранти напикани во камион