И во овој собраниски состав ли ќе се „жнеат“ огромни своти за патни трошоци?Доскорешните новоизбрани пратеници од СДСМ Зоран Заев и Љупчо Николовски неодамна се откажаа од средствата кои им следуваат за патни трошоци како пратеници. Тие тогаш порачаа дека сакаат да дадат пример како иницијативата за укинувањето на овој голем издаток од собранискиот буџет тргнува во пракса.
-Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни, напиша тогаш пратеникот Љупчо Николовски.
Од вчера, Заев и Николовски веќе не се пратеници бидејќи едниот е мандатар за новата влада, а вториот кандитат за вицепремиер. На нивното место дојдоа нови пратеници од партиската листа на кои по автоматизам и следува правото на надомест за патни трошоци. Од пораката и охрабрувањето на Заев и Николовски и другите пратеници да се откажат од патни трошоци видовме дека имаше мал одзив. Само пратеникот во ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев јавно соопшти дека и тој се откажува од користењето на овој надмест за кој во само периодот од од 2015 до 2019 година на пратениците за ова им биле исплатени три милиони евра. Заради ова, прашањето е што ќе се случи со аманетот на двајцата доскорешни пратеници? Или, новите пратеници ќе си го премолчат и ќе си продолжат да наплатуваат патни трошоци.
А ќе видиме колку скромни ќе бидат и Заев и Николовски во Владата.