Што да се смени во обуката на новите возачи?

Колумна на Пеце Лозанов:

Секојдневно сме сведоци на она што ни се случува во сообраќајот: на тоа како се вози пребрзо, безобзирно, како се поминува црвено светло, како не се почитува пешачкиот премин… Сето тоа резултира со бројни сообраќајни несреќи, со унесреќени лица. Полицијата со своите контроли и изречени казни сака да ги дисциплинира безобѕирните возачи, но тоа е со ограничен успех. Очигледно, за да имаме совесни и дисциплинирани возачи потребно е и нешто друго. Тоа би можело и требало да биде внесување на промени во самата авто-обука на идните возачи.

Потребно зголемување на бројот на часови за Теоретскиот и Практичен дел на испитот. Посебно, во теоретскиот дел и тоа со предавања од областа на сообраќајната етика, безбедноста и прописите во сообраќајот… За таа цел треба да има и  разговори со кандидатите, прикажување реални ситуации, видео, анкета, интервјуа… Целта е тие, како возачи – почетници да станат што повеќе свесни на тоа какви опасности може да се предизвикат со безобѕирното возење и со непочитување на сообраќајни правила. Треба веќе сега да почне да се размислува за да се дојде до конкретни решенија. А тука би можело да се размислува и за внес на повеќе сообраќајни содржини во системот на образованието, посебно во средношколското каде најмногу се регрутираат нови возачи.

Не е само ова што треба да се менува при обуките на идните возачи. Ако обуката се состои од два делови, Теоретски и Практичен дел, зошто одредени категории поминуваат само со теорија или мал дел на теорија или без практичен дел. Би ја издвоил категоријата АМ за мопед (16 год), кандидатите слушаат т.настава, Предавачот им одржува настава според Наставниот план од 12 н/ч, предвидени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, после наставата кандидатот оди на полагање (теоретски) и се стекнува со возачка дозвола од АМ категорија, а тој возач никој не го провери за практичен дел ниту му извршиле обука од практичен дел со други зборови, возачот не знаеме дали знае да вози велосипед, а му издавама возачка за мопед. Би ги споменал и останатите категории за мотоцикл каде “задолжително“ е потребно претходно искуство, скоро “сите“ кандидати возеле претходно мотоцикл (без возачка), бидејки изведување на практичниот дел на обуката се изведува со две возила т.е. кандидатот го управува мотоциклот, а Инструкторот зад него управува со патнички автомобил и ги дава инструкциите, а што доколку дојде до несакани последици (инструкторот ќе го извлече подебелиот крај), а е невозможно тој да делува во таква ситуација. Во некои држави ова е регулирано преку редоследно полагање т.е. полагање најпрво со мал, поголем, најголем мотоцикл (според јачина на моторот), не постои можност за директно полагање на највисоката категорија, или во Словачка и Чешка, обуките се изведуваат на мотоцикли со дупли команди!

Тука би ја споменал категоријата ЦЕ (товарно моторно возило + приклучно), обуките се изведуваат со еден ден (4 часови) теорија и четири дена (8 часови) практичен, дали е доволен? Се разбира не! Потребен е поголем број на часови, теоретски и практичен дел, би го вовел и Полигонот за оваа категорија. Значи, има причини за воведување на промени во обуките на новите возачи. Со тоа сигурно нешто ќе се подобри. Макар за почеток, да ги натераме сите инструктори за време на обуката или испитувањето да ставаат безбедносен појас!!!