Што им стана, Роберт Де Ниро и Ал Пачино, на стари години добиваат децa?

Актерите Роберт Де Ниро и Ал Пачино, или заборавиле дека се остарени или имаат огромна желба за деца. Па така, актерот Роберт Де Ниро (79) пред околу месец дена го доби своето седмо дете, а Ал Пачино, кој неодамна наполни 83 години, го чека своето четврто дете, а што го потврдија неговите претставници.

Роберт Де Ниро (79) пред еден месец откри дека го добил своето седмо дете и го сподели името и фотографијата на бебето. Де Ниро и неговата партнерка Тифани Чен добија девојче на 6 април, оваа година на кое ѝ го дале името Гиа Вирџинија Чен-Де Ниро. Родена е со тежина од 3800 грама.

Де Ниро има две деца од првиот брак со Дијана Абот – 51-годишната Дрина и 46-годишниот Рафаел, додека со поранешната сопруга Грејс Хајтауер има две деца – 25-годишниот Елиот и 11-годишната Хелен. Тој има и 27-годишни синови близнаци со поранешната девојка Туки Смит.

Додека Ал Пачино, кој неодамна наполни 83 години, го чека своето четврто дете, потврдија неговите претставници. Ѕвездата од трилогијата „Кум“ објави дека неговата 29-годишна девојка Нур Алфала е бремена во осмиот месец.

Според американските медиуми, Пачино и Алфала се во врска од почетокот на пандемијата Ковид-19.

Познатиот актер веќе има три деца, близнаци со Беверли Д’Анџело и ќерка со Џена Тарант.

По се изгледа холивудските актери се уште се во „кондиција“ за правење деца, но со оглед на нивната возраст останува да се види колку и како ќе успеаат да укажат родителска грижа на тие деца.

Претходна вестЕУ ѕирна низ „шпионката“ и пак ни кaжа колку многу не сака и ќе ни помага
Следна вестЈСП пушта дополнителен број автобуси за Духовден на линиите 59, 59А и 59Б