Што ќе каже Катица Јанева во завршниот збор во случајот „Рекет“?

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и незините бранители денеска ќе го дадат завршниот збор во случајот „Рекет“ во кој таа е второобвинета. Во претходната постапка Јанева се изјасни за невина, а случајот „Рекет“ го оквалификува како монтиран за да се уништи Специјалното јавно обвинителствто.

Таа негира дека примила пари или дека предметниот намештај и бил подарок, а кажа дека со првообвинетиот Бојан Јовановски алиас Боки 13 водела разговори за љубовта и модата.

Вчера завршен збор даде првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 кој кажа дека обвинението против него е политичка конструкција и дека се работи за политички прогон на двајца невини луѓе.

-Не се вештачи мојот телефон, бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев. Јас сум бил сведок каде лично им е ветувано олеснување ако го поддржат референдумското прашање. И на Сашо Мијалков му е вратен пасошот, па никој не прашува, потенцира Јовановски.

Дали и Јанева ќе посочи некои до сега некажани работи ќе се види наскоро. Инаку, по завршниот збор на Јанева се очекува судот да го закаже и изрекнувањето на првостепената пресуда.

Претходна вестМалку сонце, малку облаци, малку дожд…
Следна вестВчера значително се зголеми и број на граѓани ставени во изолација – 337