Што ќе биде пресудно за победа во Центар и Карпош?

53

Уште седум дена до одлуката, што ќе ја донесат гласачите, кој ќе ги води скопските општини, онаму каде што не беа избрани градоначалници во првиот изборен круг. Кандидатите не запираат во кампањата, која ќе трае до петок на полноќ. Се среќаваат со граѓани, одржуваат прес конференции, но и праваат математики од каде можат да донесат на своето конто дополнителни гласови. Се обраќаат и кон апстинентите од првиот круг, а некои почнаа и да ги убедуваат кандидатите што испаднаа од првиот круг да им ги насочат своите поддржувачи.
А скопјани се прашуваат – каде може уште сега да се предвиди резултатот, а каде ќе биде незивесно до самиот крај на изборите?, пишува денес порталот Прва Скопска во својата анализа.
Во Аеродром очигледно е дека разликата во гласови што ја освоија двајцата кандидати Митески од ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски од СДСМ е превисока и таму, според многумина, победникот е извесен.
Во Центар, во првиот круг, граѓаните му дадоа поголема доверба на актуелниот градоначалник од СДСМ Герасимовски во однос на кандидатот на ЗНАМ Лабудовиќ, но крајниот резултат ќе зависи од тоа како ќе реагираат гласачите кои во првиот круг довербата ја дадоа на независните кандидати.
Во Карпош по првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Лукровски го порази актуелниот градоначалник Јакимовски од ГРОМ. Предноста за вториот круг на Јакимовски е што ќе може да смета на гласовите од СДСМ, но тоа истовремено може да биде и негова лажна надеж, затоа што прашање е колку овие гласачи ќе имаат поттик да излезат на гласање оти СДСМ нема кандидат за градоначалник на Скопје во вториот круг. Предност пак на Лукровски е можноста гласачите да ги фати еуфорија дека ВМРО-ДПМНЕ победува во сите оопштини и на тој тргнат бран да стане нов градоначалник на Карпош.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестВо Белград утрово загина цело семејство во сообраќајна несреќа
Следна вестЈокиќ продолжува да гази, запиша нов трипл-дабл