Што ќе направат надлежните за дечињата чии родители немаат пари за школски прибор?

Масовните поскапувања се буквално на се. Иако понекогаш ни е чудно зошто работи кои никако не се директно врзани со зејтинот, месото, сирењето, јајцата, брашното, се двојно поскапени, секој еден продавач во обид да ја оправда цената ќе рече: се се дистрибуира, а дистрибуцијата е гориво!

Не се исклучок ни школските неопходности пред почетокот на учебната година. Трошоците се за 50 отсто поголеми во предсептемврискиот период, покажуваат анализите од терен. Па така за да подготвите прваче, ако пред пандемијата ви требаа 3000 денари минимум, сега ви се неопходни двојно повеќе, односно 5000-6000 денари.

За семејствата кои живеат со ниски примања оваа состојба е неиздржлива. Прашањето е дали надлежните но и сопствениците на книжари, ќе преземат нешто за да им олеснат на посиромашните и ранливите категории? На социјалните мрежи веќе има анонимни хумани луѓе кои се пријавуваат да набават школски прибор за оние дечиња чии родители не можат да си го дозволат тоа. Но, што ќе направи државата, во смисла на замрзнување на маржи барем во претстојните месец-месец и половина, за да го спречи плафонското издигнување на цените на школскиот прибор? Ќе има ли некакви хумани акции лично од институциите? Ќе има ли воопшто некакви конкретно преземени мерки?

Претходна вестПочнува 12 издание на фестивалот на народна култура „Пображење“
Следна вестСрамно е да пропадне Охридскиот маратон: Пендаровски ќе ја штити ли 60-годишната традиција?