Темен режим Режим на светлина

Што ли учеле на душекот во „Научниот обложувачки институт“ и ќе одговара ли некој за ваквиот хаос?

Што ли учеле на душекот во „Научниот обложувачки институт“ и ќе одговара ли некој за ваквиот хаос? Што ли учеле на душекот во „Научниот обложувачки институт“ и ќе одговара ли некој за ваквиот хаос?

Македонското образование е на ниски гранки, ама е полно со разбн факултети и институти. За среќа, оваа власт сака во сето тоа да постави ред, па од почетокот на годинава, ресорното министерството ги контролира приватните научни институти и откри сериозни неправилности. До сега се затворени вкупно 14 институти.

Контролите изнајдоа институти кои функционирале само формално, без соодветен кадар и инфраструктура, а сега најново откритие е научен институт за биометриски истражувања, со дозвола добиена во 2022 година од претходната влада, регистриран во магацин на обложувалница во Визбегово, со две столчиња, едно биро и душек. Немало лаборатории и истражувачи.

Што ли вежбале – учеле на душекот, да се надеваме ќе се открие наскоро. Ваквите работи пак го отвораат прашање – дали проблемот е во законите или во контролата за нивното спроведување?

Оти ова не е изолиран пример, а секогаш сценариото е исто: закони има, но не се почитуваат, правила постојат, но се заобиколуваат, а контролата
обично доаѓа предоцна. Токму затоа и ни се случија трагедии како пожарот во Кочани, „Дурмо Турс”, модуларната болница во Тетово. Ова се класични
примери во кои некој ги прекршил правилата, а институциите задоцниле. Ако надзорот бил навремен, голем дел од овие примери немаше ни да се случат.

Случајот со „обложувалничкиот институт” отвора и уште две дилеми. Прво кој се издава лиценци и на каков начин, а второ уште колку вакви фиктивни институции постојат во различни сфери од општествениот живот и дали евентуално црпеле пари од буџетот?

Секако, следи и прашањето, ќе одговара ли некој за вавките манипулации и злоупотреби?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ЕЕС системот за влез во ЕУ за македонските граѓани почнува од петок

ЕЕС системот за влез во ЕУ за македонските граѓани почнува од петок

Следна објава
Браво за ОКТА: Дополнителен попуст од 3 денари по литар за дизел горивото

Попустот на ОКТА на дизелот и бензинот продолжен до 30 април