Изборната кампања е со полн гас. Чиниш, некои од политичките лидери возат низ Македонија со 150 килимети на час. Тоа барем сега им е лесно оти претходно „направија“ стотици и стотици километри авто патишта, а скоро илјада киолометри реновираа. Тие ги правеа патиштата, тие по нив сега и шибаат давајќи нови ветувања.
Но, што всушност граѓаните сакаат да слушнат и видат од кандидатите за премиери? За што тие требаше, но не прозбореа во синоќешниот ТВ дуел?
За неколкумината скопјани со кои разговаравме впечаток е дека не се отворија темите кои најмногу ги интересираат. Воедно се разочарани дека имаше само оцрнувања, но не и отчет како управувале со државните пари или што ќе прават со нив во иднина. Велат – вистината малку ја имаше.
Еве неколку конкретни прашања од скопјани на кои треба кандидатите за премиери ( односно сите лидери на партии) да дадат одговори на некој од следните ТВ дуели:
–Колку имот има, како и кога го стекнал?
-Што ветил на Брисел, Софија, Атина… за наредниот период?
-Го мисли ли тоа што го кажува?
-Знае ли да штеди или само кредити ќе зема и народот ќе го задолжува?
-Ќе затвори ли некој свој сопартиец или ќе го штити до последно?
-Сака да победи за да не оди во затвор или за да вистински ја води Македонија?
-Му било ли некогаш срам од самиот себе?