Што ни кажуваат скопските места?

Колумна на Владимир Величковски:

Секое место во Скопје сака нешто да ни каже, за сегашноста и нешто за минатото. Стварноста е хаотична ,а градот го изгуби својот автентичен дух. Сепак, покрај доминантната дисхармонија на просторот сочувани се и некои пријатни катчиња. Корона кризата не принуди да застанеме, да погледнеме во себе, со еден друг вид вознемиреност, заради кревкоста на сопственото постоење. И природата се најде на удар на негрижата,на опасната граница на дехуманизирано општество.

Во Карпош засадија дрвца, кревки како и оградата: за кратко време ги снема. Но тоа не е се: децата пред родителите слободно и многу агресивно кршат гранки од млади дрва. Во новата фонтана се капат деца за да си поиграат како и во старата фонтана зад Кермес, во која некогаш пливаа златни рипки. Познато е кадеи како исчезнаа цветните  дворови и бавчи во Скопје, здравата храна, чистиот воздух и чистата вода, и тоа во земја која нема индустрија?! Некои луѓе пред станот(во зграда)оградуваат „своја“мала градина,а друг си го обоил „својот“дел од фасадата. Друг не знае што е лифт па многу темелно го расипува. Тоа е реакција на состојбите, но и примитивизам  едновремено. Забележувам: девојка, убаво дотерана прави селфи до куп ѓубре,што не и смета-важна е наместената насмевка. Сеприсутноста на ѓубрето (покрај пластичните кабини-нужници и опасните депонии) заслужува да му се обрне сериозно внимание дури и на творечки план. Отпадоците во светот се плаќаат и од нив се прават скулптури.

Ја поминувам улицата 29 Ноември сега прекрстена во Костурски херои-бришењето и заборавот како да станаа дел од нашата животна практика! Се симнувам од автобус кај Рекорд, сега запустена продавница пред која еден продавач на стегачи им наместил на кучињата ќебиња за лежење. Фин, но можеби несоодветен гест на главната улица. Покрај мирните кучиња, кои умеат правилно да поминат на семафор (а агресивните возачи не го прават тоа). Има и лоши кучиња, од Клинички до центарот на Скопје. Бројот на домашни миленици расте онолку колку што се зголемува бројот на стари и осамени луѓе. Кучињата сеат „мини“ по сите тревници, ама истовремено ги зближуваат луѓето. Тие се сепак подобри од човекот. Центарот на Скопје е брутално нападнат и делува како раскршена и многу невешто  составена целина од недомислена антиквизација и „монументализам“, како и за непречистен Пантеон на најзначајни личности.

Зградите и скулптурите се цврсто градени и не верувам дека некој може да направи некои позначајни измени. Меѓу најлошите примери се вбројува новата фасада чиј кич е пренесен и во ентериерот на зградата на владата заедно со оградата. Споменикот на ослободителите на Скопје делува изолирано и безначајно. Двата пара лавови на мостот Гоце Делчев делуваат чудно без јасна симболика?! До новиот стадион се наоѓа старото (мртво) езерце во кое некогаш имаше поголеми риби, а покрај мовчето беден остаток (осликан со графити) од станицата на малото вовче пампурче со кое во 50-тите години се рекреираа скопјани (вовчето е сочувано во паркот на општина Ѓорче Петров).

Посимпатична и потаинствена е темата на сликарот: замисли, вели тој „како природата изгледа во очите на едно животно?“ Јас ќе дополнам: а како му изгледа, на животното човекот кој се претворил во ѕвер?!

Претходна вестВозат пребрзо, добиваат казни, ама…
Следна вестПет лица се повредени при судар на автомобил и мотоцикл во Скопје