Фиќо и Југо беа кралеви на улиците
Пред три децении Скопје немаше волку густ сообраќај како сега. Полесно се возеше по улиците, а да не заборавиме тогаш имаше и поголема сообраќајна култура (може оти полицијата беше поконкретна во своето работење). Ех, би рекле поубави беа тоа времиња кога е во прашање сообраќајот во главниот град. Но може некој ќе рече дека тогаш пак автомобилите не беа убави и удобни како сега. Па да видиме дали е така. Што возеше Скопје пред 30 – 40 години?
ЗАСТАВА 1300
Популарниот „тристач“ беше лимузината која можеше да си ја дозволи секоа просечно скопско семејство во тогашниот социјализам. Автомобил со италијански корени, убав дизајн и машина која не се расипува премногу.
ЈУГО
Ова возило направи бум на југословенскиот пазар. Се произведуваше во Крагуевац. Илјадници од нив се возеа низ скопските улици. Беше и главно рели возило. Трките на Водно беа незамисливи без него.
ФИЌО
Безвремен дизајн. Ултра популарното ,, Фиќо” имаше мотор сместен позади, беше тесно ама и многу функционално. Се произведуваше во Крагуевац. Постарите сигурно ќе се сетат дека на ова возило учеле да возат.
ЗАСТАВА 101
Тато има „стокец“. Тоа беше фраза кога децата сакаа со нешто да се пофалат пред другарчината. Стартно возило со преден погон, ги јадае тристачите во стартање на скопските семафори
ЛАДА 1300
Руската лада беше нешто еквивалент на „тристачот“. Ја користеа многу државни институции. Ја биеше глас дека има страшно цврст лим. Скопјани со мерак ја купуваа.
РЕНО 4
Француско возило кое за скопјани беше достапно оти се произведување во фабрика во сегашна Словенија во тогаш заедничката Југославија. Незаборавен горен менувач и дизајн.
ВАРТБУРГ
Кој вели дека и во социјализмот не сме возеле германски возила? Вартбург? Што има врска што беше од источна Германија? Сите го препознаваја без да го видат – по карактеристичниот звук на моторот