Што точно одлучи македонско-бугарската комисија за Св. Климент Охридски?

Денешниот голем македонски празник, „Св.Климент Охридски“, славењето на македонскиот светец, наш најголем просветител и учител, еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија – се слави и во Бугарија.

-По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна Бугарија. Православната црква го слави големиот бугарски духовник и просветител св.Климент архиепископ Охридски. По тој повод, во сите епархии на Бугарската православна црква се служи празнична света литургија…, вака бугарското министерство за надворешни работи го најави денешното чествување на, како што велат, „големиот празник на Бугарската православна црква“

Македонско бугарската мешовита комисија постигна договор за заедничко чествување на јубилејни годишнини на Св. Климент Охридски, иако никогаш не се објави што точно тоа значи и како треба да изгледа.

Според писанијата, Св.Климет Охридски, по смртта на Св. Методиj, бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна Бугарија. Потоа учествувал во извршувањето на Моравската мисија, а кога дошол во Белица, прво основал манастир, кој бил неговото прво епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид, Св. Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон.

Св.Климент е патрон на градот Охрид. Св. Климент е голем светец. Св. Климент треба да се слави, да му се поклонува и во политиканство да не се става.

Претходна вестНе очекува блага зима
Следна вестВремето сончево со ниски утрински температури