Штрајкувачите ќе добијат помала плата, Владата не дава повеќе од 10% покачување

Владата на денешната седница во врска со штрајкот во училиштата и градинките го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10%.

Владата воедно ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите чекори за одржување настава во основното и средното образование, и згрижувањето на децата во градинките согласно уставно загарантираното право за образование и за предучилишна грижа на децата и согласно законски утврдените одредби за одвивање на настава во услови на штрајк.

Во соопштението се наведува дека Владата ги задолжила Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк, а раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата и учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.

Претходна вестСкопјанец купувал половни телефони со лажни евра
Следна вестЦентрален регистар за името на Здружението од Битола: Од Правда немаше став, а немаше ништо спорно во програмата