Шумски пожар кај Анталија, хотелите се без вода и струја, во тек е евакуација

Шумски пожар избувна денеска околу пладне во близина на Анталија во градот Сиде.

Пожарот избувна во шума недалеку од Анталија. Поради близината на туристичките места, во хотелите нема струја и вода.

Како што пренесуваат медиумите, две села се целосно изгорени, а евакуацијата на населението е во тек.

Сè уште не е познато дали има жртви.

Ветерот го носи пламенот и огнот се шири, иако пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот со хеликоптери.

Претходна вестПраг од 2% за кандидатура на независните: Прави ли власта сметка без крчмар?
Следна вестВучиќ и Рама утре во Скопје на економски форум од „Мал Шенген“