Струјата е неопходна во современото живеење. За жителите во развиените европски економии незамисливо е да не може да се вклучи сијалицата. Тоа се третира како прашање на енергетска независност за секоја држава, но и јавен интерес од највисок приоритет. Одличен пример е Швајцарија каде хидроцентрали се градат и во заштитени зелени подрачја, а и невладиниот „зелен“ сектор се согласи на компромис за тоа што струјата е општо добро.
Швајцарија го обезбедува речиси целото зимско снабдување од своите планини, а над 1 400 мали хидроелектрани сочинуваат клучен дел од тој штит. Тие носат околу 10 % од националната електрична енергија, ја стабилизираат мрежата кога има пикови, но уште поважно обезбедуваат струја во предели каде другите инфраструктурни решенија се економски неисплатливи. Новите анализи покажуваат уште 1,5 TWh неискористен потенцијал што може да се мобилизира без изградба на нови брани, односно со изградба на мали хридроцентрали. Новата стратегија се темели на две идеи: модерни runofriver постројки со постојан екопроток и минитурбини инсталирани на веќе постоечки водоводни цевки, каде речиси нема влијание врз природата
Ова е рецептот на Швајцарија кон поголема енергетска слобода и општо добро за целото општество.
Швајцарија добива околу 60 % од целата електрична енергија од вода, со мрежа од 704 централи поголеми од 300 kW што испорачуваат просечно 37 TWh годишно. Во таа бројка влегуваат и над 1 400 мали хидроелектрани (МХЕ) – постројки до 10 MW – кои носат нешто под 10 % од националната електрична енергија и се третираат како критичен дел од стратегијата „Енергетика 2050“.
Значаен дел од производството се потпира и се активните 4 нуклеарки, кои Швајцарија планира да ги исклучи кога повеќе нема да ги исполнуваат сторгите безбедносни услови. Според планот до средината на 2040-тите тие треба да бидат демонтирани, а расходот е покриен преку федерални фондови за расклопување и радиоактивен отпад. Гасењето ќе отвори празнина од околу 35 % во базната моќност, па владата во Берн (сојузната престолнина) се свртува кон соларни паркови, ветерници, складишта и над 1400 мали хидроелектрани за да го задржи зимското снабдување и енергетската независност.Државата има донесено одлука да нема градење на нови реактори.
Швајцарската Федерална канцеларија за енергија пресмета дека со додавање на нови пико и минитурбини може да се генерираат плус 500 GWh.
Новите шпвајцарски правила точно ги дефинираат условите за иградба на малите хирдоцентрали. Runofriver моделот ја „позајмува“ водата преку мал довод и веднаш ја враќа во коритото, задржувајќи биолошки минимум проток. При тоа се налага автоматско следење на нивото на кислород, температура и миграција на рибите, со дигитални сензори поврзани во национална база на податоци. Оваа пракса е веќе присутна и во Австрија, каде над 40 % од малите хидроцентрали се вградени во национални паркови – доказ дека строгите стандарди функционираат.
Во време на растечки ценовни шокови и климатски предизвици, тоа е рецепт што не ја чини природата, а ја спасува сметката – модел што секоја планинска земја може да го препише, со точна доза и без несакани реакции.
Само за споредба Македонија како планинска земја, има реки со слични хидролошки шареници: низок летен проток, со зголемен проток на вода во студените месеци. Ако Македонија ја примени швајцарската формула – додавање микротурбини на водоводни линии може да добие стабилен зимски прилив и да падне под границата од 10 % увоз.