Шведска без строги мерки дојде до нула починати

Шведска не воведе ригорозни анти ковид мерки за своите граѓани и најновите резултати се дека има – нула починати. За разлика од неа, во Европа е достигнат рекорден број на заразени и починати од Ковид-19.

Шведскиот пристап поради лабавата анти ковид политика, беше оценуван како „катастрофа во најава“, и дека Шведска е пример како не треба да се решава кризата со корона вирусот.

Шведските власти пак, ниту воведоа рестриктивни мерки, ниту ги препорачуваа. Но затоа, најновите податоци, поточно податоците од последните седум дена, покажуваат, дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 е нула.