Шведска со Лорин и песната „Тату“ победи на Евровизија 2023

Песната „Тату“, односно, „Тетоважа“,  на Лорин од Шведска победи на 67. издание на Евровизија што се одржа синоќа во Ливерпул, Британија. Лорин освои вкупно 583 поени, од кои 340 од жирито.

Второто место со вкупно 526 поени го освои Финска, а третото место Израел со 362 поени.

Според гласовите на жирито, Шведска освои 340 поени од жирито, на второ место беше Израел со 177 поени, а на трето Италија со 176 поени.

Големото финале на годинешното 67-то издание на Евровизија, беше под мотото „Обединети од музика”.

Годинава 37 земји гласаа на финалето заедно со публиката во салата. Австрија го означи почетокот, а по неа настапија Португалија, Швајцарија, Полска, Србија, Франција, Кипар, Шпанија, Шведска, Албанија, Италија, Естонија, Финска, Чешка, Австралија, Белгија, Ерменија, Молдавија, Украина, Норвешка, Германија, Литванија, Израел, Словенија, Хрватска и домаѓинот Велика Британија го затвори натпреварувачкиот дел.

Во гласањето учествуваа сите земји, и оние кои не влегоа во финалето. Новитет е што Евровизија се отвори кон целиот свет, па можеа да гласаат и земји кои не учествуваат, преку официјалната страница на Евровизија.

Годинава се кажуваа само 12те поени за да се добие на време. Прва гласаше Украина и првата 12-ка ја даде на Шведска. Лорин со песната „Тату“ беше главен фаворит за победник. Шведска почна да собира 12поени, а Израел се приближуваше со поените, а во чекор следуваше и Италија. Хрватска 12 поени и даде на Италија, Словенија на  Италија, Србија на Словенија. Последен гласаше домаќинот Белика Британија.

Публиката најмалку гласови и даде на Германија која остана на последното место на табелата,. Кон средината на гласањето, Финска изби на првото место. Но, најмногу публиката и даде на Шведска со што се доби и конечниот победник со 583 гласови.

 

Претходна вестТешка сообраќајка во струмичко, загина сопатник на мотоцикл, возачот потешко повреден
Следна вестОд 8.30 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје