Сигнаа првите 200 читачи на отпечатоци од прсти за изборите – со нив ќе се прави обука

115

Државната изборна комисија денеска ги ги доби првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, кои ќе бидат употребени на претстојните локални избори. Во следниот период со овие терминали ќе се вршат обуките, а до 1 октомври треба да дојде и последната пратка и да се комплетира бројката на терминали и целосната дополнителна опрема.

Прво ќе треба да се обучат обучувачи на тие избирачки одбори и поради тоа овие уреди ќе бидат полнети со фиктивни податоци од тие кои се присутни таму. Ќе се пробува како се ракува со нив за да може да бидат подготвени на денот на гласањето.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски најави дека следните четири пратки ќе бидат од по 950 терминали, како и дека во третата пратка ќе биде и софтверот за полнење и празнење на овие терминали. Тие ќе бидат испорачани во наредните четири недели.

Овие апарати ќе треба да се наполнат со податоци до 13 октомври, а некаде на 15 октомври да бидат однесени до општинските изборни единици за да се поделат на избирачките места за гласање.

-Податоците во нив ќе бидат криптирани. Покрај опремата, ние купивме и услуги тие да бидат тука и да го завршат процесот до крај, бидејќи нашите инженери не ја познаваат оваа опрема и тие може само да соработуваат со нив. Значи, купена е и услуга која ќе биде од доставувањето до завршувањето со обуките и со денот на изборите се да биде како што треба, рече Даштевски. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКолку е очајно: За 5.000 работни визи во Германија, над 50.000 заинтересирани Македонци
Следна вестРаботник загина во фирма во Скопје, врз него паднала бандера