Силен е споменот за Илинденците: 56 години НКС „Десет дена Крушевска Република“

Голема историска гордост за Македонија е ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ од 1903 година. Овој значаен историски спомен живее, не бледнее во македонскиот народ. Секако, на славната епопеја, на востаниците, на КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА и се навраќаме преку филмови, текстови, а и со одбележување секоја година на 2-ри август.

За опстојување на ваквите светилници и патокази за нови и нови генерации, се прават-одржуваат и посебни големи манифестации.

Востанието и и првата република на Балканот е настан кој преставува пресвртница во историјата на македонскиот народ, како дел од долгата  борба за неговата национална и државна самобитност. Оттаму и потребата да се зачувува неговото значење, неговата традиција, стремежите, заедништвото…

Таа улога во најголема мерка ја имаат и Научно-културните средби „Десет дена на Крушевската Република“ којашто се основани како посебна манифестација на 29 март 1967 година. Односно на денешен ден пред повеќе од 5 децении.

Тогаш, со одлука на Собранието на Општина Крушево се донесе одлука за нивно основање со цел да се шири и зацврстува значењето на Илинденското востание и на Крушевската република. Со тоа, оттогаш па до сега, секоја година, на почетокот на август, во првите десетина дена се оддржува ова манифестација којашто редовно започнува со кревање на бајракот на Крушевската Република на платото на Гумење, со оддавањето на почит кон илинденските херои, со импровизираниот напад врз Крушево со кој се доловува сеќавањето на почетокот на големото востание.

Досега се одржани бројни научни средби на коишто се презентирани многубројни научни трудови, документи, сведоштва за Илинденското востание и за постоењето на десетдневната Крушевска Република организирана од страна на востаниците. Напоредно со ова, секоја година се одржуваат и бројни културни манифестации со кои се чуваат македонските фолклорни традиции и со кои се запознаваат најмладите генерации.

Таква своја улога НКС „Десет дена Крушевската Република“ ќе ја имаат и во иднина, станувајќи и брана од сите надворешни посегнувања и негирања на македонското Илинденско востание и на Крушевската Република кое тоа ја создаде. Затоа и треба манифестацијата да се засили, надополни со нови содржини…

Претходна вестПредупредување од „Улици и патишта“: Забавен сообраќај на кростосницата помеѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“
Следна вестЗемјотрес од 3 степени предвреме ги разбуди  штипјаните