Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес со јачина 5,5 степени според Рихтер вечерва ја погоди Грција, а се почувствува низ цела Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од грчкиот град Лерин (Флорина), кој се наоѓа во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот предизвикал и значителна материјална штета, односно испукани се ѕидовите во неколку згради низ Битола.

Граѓаните велат дека не паметат ваков земјотрес, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови.

Претходна вестРегистрирани 1.396 нови случаи на коронавирус, починаа 9 лица
Следна вестОблачно време со врнежи од дожд и снег